logo
logo
logo

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

Vecer | 17.12.2025

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот.

Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на Ролан Гарос објави серија фотографии во духот на новогодишните празници.

На фотките сексапилната Ана позира покрај украсена елка, облечена во елегантен црн краток фустан со светки, најавувајќи ги претстојните празници.

Фотографиите собраа илјадници лајкови и позитивни коментари. 

Инаку, Ана во последно време е во центарот на вниманието поради разделбата од сопругот Бастијан Швајнштајгер.

Таа поднесе барање за развод, а медиумите велат дека сега веќе поранешниот пар не сака да се сретне на суд и нивната цел е разводот да биде финализиран што е можно поскоро.

Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер се венчаа во Венеција во 2016 година, а нивниот брак со години се смета за еден од најсложените и најхармоничните во светот на спортот. Заедно имаат три сина: Лука, Леон и Тео.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk