Британската музичка ѕвезда Хари Стајлс (32) повторно испиша историја и си обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди. Откако во рамките на својата турнеја „Together, Together“ ја заокружи импресивната низа од 12 последователни концерти на стадионот Вембли, тој стана првиот изведувач на кого му успеало тоа, со што го потврди својот статус на еден од најголемите музичари на денешницата.
Го сруши рекордот на Колдплеј
Стајлс го започна својот рекорден низ настапи во јуни, а го заврши во јули, со што постави нов рекорд за најдолга концертна резиденција на еден музичар на Вембли. Со ова тој го сруши претходниот рекорд што го држеше бендот Колдплеј, со десет одржани концерти на истиот стадион во 2025 година. Гинисовата книга на рекорди официјално го призна ова постигнување, истакнувајќи дека тоа ја потврдува огромната популарност на пејачот и неговиот исклучителен однос со публиката.
Од шест до дванаесет распродадени вечери
Овој успех е уште позначаен ако се земе предвид дека Стајлс првично планираше само шест настапи во Лондон. Поради огромниот интерес на обожавателите, бројот на концерти на крајот беше удвоен. Секоја вечер илјадници фанови од целиот свет го полнеа Вембли за во живо да ги слушнат неговите најголеми хитови и да го прослават неговото враќање на сцената.
За време на последниот настап емоциите беа особено изразени. Стајлс им се заблагодари на своите обожаватели и се потсети на патот што го одведе од музичките почетоци во шоуто „The X Factor UK“ до еден од најголемите стадиони во светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата