logo
logo
logo

Пенелопе Круз искрена: СÈ УШТЕ УЧАМ ВО ВРСКАТА СО ЧОВЕК КОЈ ГО ЗНАМ 33 ГОДИНИ

Vecer | 07.07.2026

Пенелопе Круз искрена: СÈ УШТЕ УЧАМ ВО ВРСКАТА СО ЧОВЕК КОЈ ГО ЗНАМ 33 ГОДИНИ

Актерката Пенелопе Круз зборуваше за својот брак додека го промовираше новиот филм „The Invite“, во неодамнешното интервју за „People“. Тогаш се осврна и на својот брак со Хавиер Бардем, со кого инаку важат за еден од најповлечените парови на јавната сцена.

За време на разговорот, Пенелопе рече дека верува дека комедијата, режирана од Оливија Вајлд, која ја следи динамиката на односите меѓу два пара за време на заедничка вечера, е толку блиска до публиката затоа што многу луѓе и понатаму откриваат нови работи за своите партнери, без оглед на тоа колку долго се заедно.

„Имам чувство дека сè уште учам во мојата врска, знаете? А со личноста сум која ја познавам веќе 33 години“, рече Пенелопе.

„Навистина добро ја познавам таа личност, но дали некогаш доаѓа ден кога навистина целосно се запознавате себеси? Не. Истото важи и за партнерот“, додаде таа.

Круз и Бардем првпат се запознаа во 1992 година на снимањето на шпанската црна комедија „Шунка, шунка“ (Jamón Jamón).

Зборувајќи подоцна за тоа искуство за „GQ“, Бардем изјави дека меѓу нив имало „очигледна“ хемија, но дека тогаш „ништо не се случило“.

Нивната љубовна приказна започна дури кога повторно се сретнаа на снимањето на филмот „Вики Кристина Барселона“ (Vicky Cristina Barcelona) од 2008 година.

„Ниту еден од нас не сакаше да го направи првиот чекор. Не знам дали бевме срамежливи или само се обидувавме да бидеме премногу професионални. Како и да е, дојде последниот ден од снимањето, а ништо не се случи. Си помислив: 'По ѓаволите! Мора да се напиеме!' За среќа, наш пријател организираше завршна прослава по снимањето и, па, останатото е историја. Му благодарам на Бога“, изјави Бардем во една прилика.

Круз и Бардем, кои се познати по тоа што својот приватен живот го држат подалеку од очите на јавноста, се венчаа на интимна церемонија на Бахамите во јули 2010 година.

Првото дете, синот Лео Енсинас Круз, го добија во јануари 2011 година, додека ќерката Луна Енсинас Круз е родена во јули 2013 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk