logo
logo
logo

Добила Оскар, наместо слава следел шок кога таткото и понудил “тројка“ со нејзината најдобра другарка

Vecer | 08.03.2025

Добила Оскар, наместо слава следел шок кога таткото и понудил “тројка“ со нејзината најдобра другарка

Тејтум О'Нил (61) е актерка која ја носи титулата најмлада оскаровка во историјата на наградата. Таа ја освои златната статуетка на само 9 години, за споредна улога во филмот на Питер Богданович „Paper Moon“, во кој глуми и нејзиниот татко Рајан О'Нил.

Тејтум последователно стана една од најбараните актерки и често се забавуваше, пиеше и се дрогира со актерите. Никој од нив не ја видел како дете. Актерката претрпе тешка траума во детството, од која со години се лекуваше, но никогаш не закрепна целосно.

Нејзините родители Фара Фосит и Рајан Онил беа и славни актери но, и тешки зависници. Алкохолот и бил понуден од нив кога имала само 6 години, а потоа претрпела години физичко и вербално малтретирање од таткото Рајан О'Нил. Нему му беше доделено целосно старателство над неа во 1970 година.

Таа откри и дека татко и ја удрил откако дознал дека таа е номинирана за Оскар за улога во филмот „Хартиена месечина“, а тој не.

Рајан О'Нил, која почина во 2023 година, отворено користел дрога пред неа кога била дете. „Имаше апчиња, лекови против болки, кокаин... А потоа, се разбира, море од жени кои доаѓаа и си одеа од нашата куќа. Имаше девојки и девојки“, изјавила актерката еднаш.

Тетјум Онил неодамна откри дека Ричард Бартон се обидел да ја бакне на снимање, па дури и предложил брак. Тејтум тогаш имала само 16 години, додека Бартон 54.

„Дали сакаш да ме бакнеш тогаш ја праша Бартон, а таа наводно веднаш одговорила: „Не!“ Додала дека тој бил брилијантен актер, но дека е премлада и дека сцената во која морала да се соблече топлес и била многу тешка. Бев преплашена“, признала таа.

Покрај актерскиот талент, Тејтум остана запаметена и по шокантните мемоари во кои го опишува животот со нејзиниот татко склон кон скандали.

Ги изневерувал сите свои сопруги и љубовници, а во една прилика Тејтум го нашла во кревет со нејзината најдобра пријателка Мелани Грифит. Мелани тогаш имала 18 години, а нејзиниот татко Рајан ја поканил својата ќерка да им се придружи во „тројка“.

Тејтум со години се бореше и со зависноста и тврдеше дека татко и ја навлекол на дрога. Дури и кога таа излегувала од рехабилитација, тој постојано и нудел опијати.

О'Нил се омажи за тенисерот Џон Мекинро, со кој започнала врска на 21 година и со него ималае три деца - Емили, Кевин и Шон. Сепак, Тејтум го изгубила старателството над децата по разводот, токму поради зависноста од алкохол, кокаин и хероин.

А потоа, на погребот на нејзината маќеа, американската актерка Фара Фосет, доживеа уште еден шок. Додека оделе во поворката зад ковчегот, нејзиниот татко Рајан О'Нил се понудил да одат на пијачка и да одат заедно во кревет. Актерот сам ја раскажа оваа приказна, како анегдота дека се шегувал, но Тејтум тешко се опоравуваше од шокот. Неговите деца го мразеле Рајан.

„Тој не знаеше дека тоа сум јас, морав да го потсетам дека сум му ќерка“, изјавила актерката еднаш.

Во мај 2020 година, таа се предозирала со лекови и доживеала тежок мозочен удар, поради што морала да помине неколку недели во болница.

После тоа тешко се опоравувала, морала да научи да оди и правилно да зборува, а извесен период имала и проблеми со видот. Тетјум Онил денес оди со бастум и се бори да запомни одредени зборови и имиња на луѓе кои и се важни во животот, а изгубила и дел од сеќавањата.

Познатиот актер Рајан О'Нил вчера беше погребан во декември 2023та покрај неговата долгогодишна љубовница Фара Фосет на гробиштата Вествуд Меморијал Парк во Лос Анџелес.

82-годишниот актер номиниран за Оскар почина во Лос Анџелес на 8 декември од срцева слабост, а ексклузивните фотографии на DailyMail.com покажуваат околу 25 луѓе кои присуствувале на неговиот погреб, меѓу кои и поранешната сопруга Ли Тејлор-Јанг и нивниот син Патрик О'Нил и најдобриот пријател на на Фара Фосет, Алана.

Рајан беше познат по неговата долга врска со актерката од „Чарлиевите ангели“, Фара Фосет, која траеше со децении, но тие никогаш не се венчаа. Тие двајца беа партнери од 1979 до 1997 година, а О'Нил ја украде русокосата убавица од нејзиниот сопруг Ли Мејџорс.

Рајан имал четири деца: Тејтум О'Нил и Грифин О'Нил со Џоана Мур, Патрик О'Нил со Ли Тејлор-Јанг и Редмонд Џејмс Фосет О'Нил со Фосет, имал и пет внуци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk