logo
logo
logo

Бугаринот Азис сменил имиџ, па СМЕНИЛ И КЛИЕНТЕЛА. Нема да го препознаете

Vecer | 04.04.2022

Бугаринот Азис сменил имиџ, па СМЕНИЛ И КЛИЕНТЕЛА. Нема да го препознаете

Азис, регионалниот фолк пејач од Бугарија познат по својот талент и трансформациите, меѓутоа денес изгледа тотално поинаку. Азис се појави во една емсиија и сите ги шокираше со своето ново издание.

Тој прозборе за новиот дует со Северина, па призна дека тој и пејачката никогаш официјално се немале запознаено, но снимиле заеднички сцени за спотот.

– Ја сакам Северина многу, ќе се запознаеме наскоро. Проектот беше идеја на нејзиниот менаџер. Веднаш ми се допадна, го снимив својот дел во Бугарија, еден ден го снимивме видеото, а другиот ден песната.

Постои сцеа каде Северина танцува на столот пред мене, но јас тоа не сум, тој е статист. Наш реален заеднички кадар не постои. Имаше сериозна причина поради која не дојде, зборува Азис. Исто така откри дека омилен град му е Белград.

– Среќен човек сум што имам толку пријатели во Белград, поради короната многу се одалечивме, но на сите им имспраќам бакнеж.

Љубовта е убава кога ќе слушнеш за неа, затоа нема да ме видите никогаш да се сликам со својот партнер, открива пејачот и додава: – Веќе 10 години не работам траснформации, ова сум јас, природен изглед, рекол Азис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk