Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“

Vecer | 26.11.2026

Анџелина Џоли и Бред Пит потпишаа „примирје“
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Според судските документи на кои се повикуваат холивудските медиуми, четири од нивните шест деца законски го промениле своето презиме од Џоли-Пит во Џоли.

Некогаш најпопуларната џет сет двојка, брачниот пар од Холивуд, актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа спогодба во нивната долгогодишна правна битка околу продажбата на нејзиниот удел во француска винарија, која трае од почетокот на нивниот бурен развод.

„Постигнавме вонсудска спогодба во најдобар интерес на нашето семејство и нема да коментираме понатаму“, изјавија претставниците на холивудските ѕвезди во заедничка изјава.

Двојката купи контролен удел во имотот Шато Миравал во 2008 година и се венчаа таму шест години подоцна.

Во тужбата, Пит тврди дека Џоли, го продала својот удел во винаријата на руски милијардер без негова дозвола. Таа поднесе контратужба, обвинувајќи го Пит дека во пијана состојба ги нападнал неа и нивните деца во приватен авион во 2016 година, што му претходеше на нејзиното поднесување барање за развод.

Спогодбата објавена во среда ги реши нивните правни постапки едни против други. - Сите коментари во медиумските написи што се припишуваат на „извори“ всушност не доаѓаат од ниту еден од нас, ниту од некој близок до нас - изјавија нивните претставници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk