logo
logo
logo

Ал Пачино (83) побарал ДНК тест за да се утврди дали детето е навистина негово!

Vecer | 08.06.2023

Ал Пачино (83) побарал ДНК тест за да се утврди дали детето е навистина негово!

Светот го обиколи веста дека познатиот актер Ал Пачино (83) ќе стане татко по четврти пат, овој пат со својата 29-годишна девојка Нур Алфала. Тој, како што пренесуваат странските медиуми, бил толку запрепастен од оваа информација и побарал од својата девојка да направи ДНК тест за да се увери дека тој е татко на детето. Бидејќи актерот бил убеден дека повеќе не може да има деца, оваа вест прилично го изненадила.

Имено, на Пачино пред неколку години му бил дијагностициран медицински проблем во врска со плодноста, па тоа неколку недели пред породувањето го навело познатиот актер да се посомнева дека неговата девојка Нур не може да забремени од него.

Партнерката на Пачино се согласила да направи тест кој недвосмислено покажал дека актерот е татко на детето.

Инаку, неговата девојка Нур по професија е ТВ продуцент. Парот се запознал пред една година, а за првпат бил забележан во Венеција лани во април. Нивните дружења зачестија, па беше забележана уште една нивна средба, и тоа на отворањето на една уметничка галерија, објавата на социјалните мрежи ја сподели актерот Џејсон Момоа.

Да потсетиме, гореспоменатата продуцентка не се дружела само со Ал Пачино, како маж во поодминати години, таа претходно излегувала со Клинт Иствуд, а потоа и со Мик Џегер.

Од друга страна, меѓу славните актери кои станале станале татковци на многу позрела возраст е и актерот Роберт Дениро, близок пријател на Пачино, кој неодамна стана татко на 79-годишна возраст. Тој го доби своето шесто дете, а прво со партнерката Тифани Чен.

Како што пишуваат британските медиуми, Дениро неодамна отворил можност колегите од филмот „Кум“ во блиска иднина да ги запознаат своите новороденчиња. Запрашан дали овој пат менува пелени, актерот признал дека сè уште не го прави тоа, но дека ќе има време да се посвети на сè во врска со бебето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk