logo
logo
logo

“ЛУЃЕТО ДАВАА 10.000 ЕВРА САМО ДА ВЛЕЗАТ ВО ХОТЕЛ“ Нада Топчагиќ открила нови и непознати детали од роденденот на Ибрахимовиќ

Vecer | 19.10.2021

“ЛУЃЕТО ДАВАА 10.000 ЕВРА САМО ДА ВЛЕЗАТ ВО ХОТЕЛ“ Нада Топчагиќ открила нови и непознати детали од роденденот на Ибрахимовиќ

Нада Топчагиќ неодамна била гостинка на роденденската прослава кај славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, а медиумите почнале да шпекулираат дека пејачката за кратко време земала околу 30.000 евра.

Овие приказни ја разлутиле пејачката која заради, како што рекла, неточните информации направила хаос и многу се налутила, одговарајќи без влакна на јазикот на тие озборувања.

- Како што отидов така и се вратив. Потоа започна хаосот дека сум земала пари, дури и роднините не ми веруваа. Сега имам проблем и со семејството никој не ми верува, сите зборуваат дека сум земала 30.000 евра, тоа е срамота- рекла Нада и додала: - Луѓе од Милано, познати, ме викнаа и ми рекоа: “Ние даваме по 10.000 само да влеземе“, да бидеме негде во Хајат, не може ни да се пријде, таму беше само џет-сет друштво, благодарам што воопшто се најдов таму, какви пари, од кого да бараш пари. Ме прашаа од ПР тимот на Златан: “Надо колку тоа те чини?, јас им реков: “Ништо не ме чини“ – кажала пејачката за “Гранд Магазин“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk