logo
logo
logo

Мекколи Калкин, на 44 години НЕ ЗНАЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ И ДА ГИ ИСПЕРЕ СВОИТЕ АЛИШТА

Vecer | 15.03.2025

Мекколи Калкин, на 44 години НЕ ЗНАЕ ДА ВОЗИ АВТОМОБИЛ И ДА ГИ ИСПЕРЕ СВОИТЕ АЛИШТА

Актерката Бренда Сонг, свршеница на актерот Меколи Калкин, гостуваше во шоуто на актерката Џенифер Хадсон. Таму таа ги изненади гледачите откривајќи некои вештини кои нејзиниот сопруг се уште не ги совладал.

“Секогаш велам дека Мек е уникатно човечко суштество, со оглед на тоа дека е најпознатото дете глумец во светот. Се уште не знае да вози! Го оставив да не вози низ соседството, бев преплашена. Овој 44-годишник првпат вози? Морам да најмам некој да го направи тоа”, рече таа.

“Живееше и порасна во хотели, никогаш не се перел сам, бев шокирана… Научив да перам алишта кога имав 10 години за да и помогнам на мајка ми. Смешно е, се обидувам да го научам тоа”, додала таа.

Да потсетиме дека Меколеј и Бренда првпат се сретнаа во 2014 година во куќата на актерот Сет Грин, а Сонг во едно интервју се присети како Калкин „се обидувал да биде смешен“ шегувајќи се за серијата „Татковци“ во која глумеа таа и Грин.

Воопшто не бев импресиониран од него, ќе го признаам тоа“, изјави Бренда.

Двојката се вери пред три години, но не брзаат да се венчаат. Бренда откри дека неколку пати размислувале за опцијата „да избегаат и да се омажат некаде далеку“, но секогаш се премислувале.

Тие го добија својот прв син Дакота во 2021 година, а Бренда тогаш изјави дека почнала да ја планира својата венчавка, но дека имала потешкотии да ги балансира сите нејзини обврски и мајчинството.

„Планирањето на свадба е толку скапо и одзема многу време“, рече таа тогаш. Не долго по нивниот прв син, тие добија второ дете, Карсон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk