Ново истражување откри кои фантазии жените претпочитаат да ги гледаат во порнографска и еротска содржина, а резултатите даваат интересен увид во нивните желби и интереси.
Анкета спроведена од платформата за аудио еротика „Блум“ на 300 жени открива фасцинантни податоци за тоа каква содржина претпочитаат жените во порнографијата и еротиката. Резултатите покажуваат широк спектар, од длабока интима до смели сценарија.
Топ 5 најчести фантазии кај жените:
Тројка (77%) – убедлив фаворит меѓу испитаничките.
Орално задоволство од маж (54%) – фокус на женското задоволство.
Романтичен секс (52%) – потреба за емотивна поврзаност.
Груб секс (52%) – истражување на интензитетот.
Доминација (50%) – игра на моќ и контрола.
Експертите нагласуваат дека овие желби не се случајни. Клиничкиот психолог Назанин Моали објаснува дека фантазирањето за тројка често е симбол за потврда на сопствената пожелност, додека желбата за доминација и „груб секс“ е честа кај жени со големи одговорности во секојдневието, кои во спалната соба сакаат да ја препуштат контролата и да се ослободат од притисокот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата