Познатата актерка Рене Зелвегер се врати и на светот му покажа „ново јас“ и сосема нов стил.
Рене Зелвегер неодамна позираше за насловната страница на магазинот „Вог“, а обожавателите ги воодушеви со својата неверојатна трансформација на имиџот.
Како што можете да видите, таа позираше за февруарското издание на модниот магазин во кафеав костум украсен со чиста елеганција.
Сепак, токму косата привлече најголемо внимание во јавноста. Актерката драстично ги исече русокосите прамени, а на актерката одлично и прилегаше „мократа“ фризура која ја направија за овој моден едиторијал.

Рене во интервју за „Вог“ откри и неколку носталгични моменти од нејзината актерска кариера, како и од црвениот тепих.
Два специјални фустани од црвениот тепих
„Фустанот „шампањ“ што Каролина Херера го создаде за Мет Гала во 2011 година беше вистинско уметничко дело“, рече Зелвегер, додавајќи:
Тестиравме како кристалните „меурчиња“ ја рефлектираат светлината од сите агли, што беше фасцинантно.

А потоа го спомна нејзиниот познат бел фустан „Armani Privé“, рачно украсен со накит.
„Тежи два тона, но ми остана во сеќавање поради значајните, лични моменти што ги симболизира.“

Да потсетиме, Рене минатата година привлече големо внимание во јавноста. Таа гостуваше на 100-тиот роденден на Џими Картер кога се појави во црн костум кој ја истакна елеганцијата, но сепак сите го забележаа нејзиното младешко лице.
Таа беше критикувана за корекции со козметика поради кои изгледаше непрепознатливо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата