И покрај наградите, вклучувајќи три Златни глобуси и споредбите со култниот филм „Кум“, продукцијата на филмот се соочиле со бројни пречки.
Бруталистот е епска драма што го следи животот на визионерскиот архитект Ласло Тот (Адриен Броди), кој го преживеал холокаустот. Приказната започнува во 1947 година, кога Тот пристигнува во САД во потрага по нов почеток. Иако на почетокот живее во сиромаштија, Тот се запознава со индустријалецот Харисон Ли Ван Бурен (Гај Пирс), кој го препознава неговиот талент и го ангажира да изгради голем центар за заедницата во Филаделфија. Додека Тот на почетокот со ентузијазам ја прифаќа работата, тој набрзо сфаќа дека моќта и наследството доаѓаат со високи цени.
Иако сега е еден од главните кандидати за Оскар, The Brutalist имал тежок пат до реализација. Филмот првично беше најавен во 2020 година, но пандемијата COVID-19 го одложи снимањето и предизвика промени во актерската екипа. Корбет откри во интервју за дека пандемијата повеќепати ја прекинала претпродукцијата: „Барем три или четири пати бевме целосно „осакатени“. Ќе патував до локацијата за да започнам со подготовките, а потоа сè ќе се распаднеше. "
Но, пандемијата не била единствената пречка. За време на неговиот говор на Златните глобуси, Корбет призна дека му било кажано дека таков филм ќе биде „невозможен да се дистрибуира“ и дека „никој нема да го гледа“.
Еден од проблемите била должината на филмот. Имено, филмот трае 215 минути, што многумина го сметаа за предолго за пошироката публика. Корбет рече: „Го поднесовме филмот на околу дваесет до триесет продукциски компании кои финансираат филмови во опсег од 10 до 15 милиони долари, но сите тие го одбија“.
И покрај тоа, режисерот ги пофали продуцентите кои верувале во проектот: „Никогаш не се откажаа. Презедоа огромни лични и финансиски ризици и јас сум пресреќен што тие ризици се исплатија“.
Корбет коментираше дека денешната индустрија е склона кон ризик, но истакна дека многу од овогодинешните номинирани награди се независни, оригинални и смели. „Публиката копнее за уникатни филмови со препознатлив потпис, но тоа не е секогаш интуитивно за луѓето кои носат одлуки за финансирање.
На прашањето што би сакал да гледа повеќе во Холивуд, тој рече: „Потребни ни се повеќе смели филмови кои не чинат стотици милиони долари. Постои разумна линија каде актерите и екипата се правично платени, но без непотребни екстреми .“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата