Само една вечер. Само еднаш. Само еден концерт - за цела Македонија. Јован Јованов и Елвир
Мекиќ со концерт што нема реприза! На 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ ќе се случи концертот што ќе ја одбележи 2026 година на музички план во Македонија! Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во времето на најубавите денови на македонската музика.
Музичкиот времеплов со хитовите на Јован и Елвир на неколку часа цела една генерација ќе ја врати во младоста, помладите ќе ги „запознае“ со „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“, „Слаба точка“...
Неизбежна ќе биде и песната „Адреналин“, која двајцата долгогодишни пријатели и музички соработници ја промовираа кон крајот на 2025. Ова е еден од оние концерти кои нема да имаат реприза, а секој билет не е само влезница за концертот, туку и билет за враќање во минатото, за сеќавање на првите љубови, излегувања во диско, забавите до зори...
Билетите за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ се веќе во продажба преку www.mktickets.mk.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата