logo
logo
logo

Дали знаете што им прави КИСЕЛАТА ВОДА на вашите коски?

Vecer | 16.02.2025

Дали знаете што им прави КИСЕЛАТА ВОДА на вашите коски?

Се смета за шампањ на водите, а додавањето на свежо овошје и зеленчук го зголемува нивото на антиоксиданси.

Газирана вода може да биде добро освежување кога е топла или после тежок оброк. Сепак, додека некои луѓе ja пијат често, други веруваат дека не е толку здравa за организмот.

Има одредени предности на газираната вода, но и недостатоци. Разликата помеѓу минералната и обичната вода е само во меурчињата и дополнителните минерали, а ова се дел од аргументите за и против минералната вода.

Придобивките од пиење кисела вода

Кога времето е топло, киселата вода ќе ве освежи и ќе го замени газираниот сок, кој е полн со шеќер и затоа е многу нездрав за организмот. Благодарение на минералната вода, ќе внесеме доволно магнезиум, цинк и калиум во нашите тела. Исто така, се верува дека киселата вода добро влијае на концентрацијата и го намалува нивото на замор.

Кисела вода е добра за срцето, особено ако консумирате таква што содржи магнезиум. Ја подобрува густината на коските. Помага и при дигестивни проблеми и запек. Киселата вода не содржи шеќер, го хидрира телото и го освежува организмот.

Ако се консумира на празен стомак, киселата вода создава чувство на ситост, поради што може да биде добар сојузник во борбата против слабеењето. Во тој случај избегнувајте минерална вода со дополнителни засладувачи.

Друга работа што ја прави минералната вода здрава е тоа што е идеална замена за газираните пијалоци. Доколку сакате да го подобрите вкусот на минералната вода, можете да додадете парче лимон или портокал во чашата и да уживате во омилениот пијалак.

Недостатоци на пиење минерална вода

Претходните истражувања ги испитуваа ефектите на минералната вода врз телото, покажувајќи дека консумирањето газирани пијалоци може негативно да влијае на здравјето на коските. Исто така, се верува дека газираната вода го стимулира гладот и не може да го одржува телото хидрирано како обичната вода.

Научниците од Универзитетот Бирзеит објавија дека хормонот на глад „грелин“ се зголемува со консумирање газирана вода. Луѓето кои пијат газирана вода со појадок имаат пет пати поголема концентрација на овој хормон.

Студијата која го разгледуваше влијанието на минералната вода врз густината на коските, при што едната група испитаници пиеше литар газирана вода, а другата литар обична вода дневно во текот на осум недели, покажа дека по завршувањето на студијата, нема разлика во густината на ткивото на испитаниците помеѓу двете групи.

Сепак, една ситуација кога дефинитивно треба да пиете обична вода наместо минерална вода е после тренинг. Понекогаш газираната вода може да предизвика акумулација на гасови во цревата и да предизвика надуеност и непријатност во стомакот, па затоа треба да ја избегнуваат луѓето со чувствителен стомак.

Во спротивно, можете слободно да пиете газирана вода, освен ако не се чувствувате непријатно или имате некаква непријатност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk