logo
logo
logo

„Прв дојден, прв услужен“: Како да добиете ваучер за туризам од 200 евра?

Vecer | 08.06.2021

„Прв дојден, прв услужен“: Како да добиете ваучер за туризам од 200 евра?

Почна пријавувањето за ваучери за туризам од 200 евра

Министерството за економија вчера го објави јавниот повик за ваучери за домашен туризам за кој ќе може да аплицираат работници со ниски приходи. Ваучерите годинава ќе изнесуваат 12 илјади денари, а ќе ги добијат само 1.250 граѓани.

Хотелиерите реагираа дека и покрај тоа што вредноста на ваучерите е поголема од лани нема да придонесат за зголемување на бројот на туристи и нема да имаат никаков финансиски бенефит врз секторот

Работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30 илјади денари, ќе може да аплицираат за ваучери за туризам, во вредност од 12 илјади денари, во некој од домашните хотели.

Министерството за економија вчера го објави јавниот повик за реализација на оваа мерка, која е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 година, за која се предвидени 15 милиони денари.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари, ќе може да се пријават и да добијат ваучер. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страницата на Министерство за економија.

Ваучерот ќе се издаваат по принципот „прв дојден, прв услужен“ и истиот може да се користи само од работникот кому му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Државата годинава ќе додели само 1.250 ваучери за туризам. Оваа бројка е многу помала од лани кога беа доделени 100 илјади ваучери, од кои беа искористени околу 60 илјади.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk