logo
logo
logo

„Mакедонија е исцрпена од уцени и лажни ветувања, ДА КАЖЕМЕ НЕ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД ОВИЕ УСЛОВИ“

Vecer | 25.07.2023

„Mакедонија е исцрпена од уцени и лажни ветувања, ДА КАЖЕМЕ НЕ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД ОВИЕ УСЛОВИ“

Додека не станеме полноправна членка на ЕУ (по ратификувањето на Договорот од сите членки на ЕУ) нема потреба од менување на Уставот на Македонија, а дури потоа, по приемот во ЕУ, Македонија ќе пристапи кон промена на својот Устав, во кој ќе бидат вклучени и некои други националности, пишува академик Љупчо Коцарев.

Според него Македонија веќе подолго време е исцрпена од уцени и лажни ветувања, додека, пак, да не заборавиме, за разлика од некои наши соседи, членки на ЕУ, Македонците секогаш се грижеле, да се сетиме на Крушевскиот манифест, за своите сограѓани од различни етникуми.

Тој за Нова Македонија пишува дека Македонија е мала држава, но, сепак, треба секогаш да ги брани своите национални интереси, а не да биде сервилен умилкувач и геополитички подлизурко.

Време е сите едногласно да им кажеме НЕ на уставните промени под овие услови, време е да им кажеме НЕ на сите притисоци со коишто, со невидена жестокост и бескрупулозно, катадневно се соочуваат граѓаните на Македонија: евентуални промени во Уставот се можни само тогаш кога Македонија ќе стане рамноправна членка на ЕУ, напиша тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk