logo
logo
logo

НЕМА ПОВЕЌЕ ПРОГЛЕДУВАЊЕ НИЗ ПРСТИ - Поголема контрола за полицискиот час

Vecer | 03.04.2020

НЕМА ПОВЕЌЕ ПРОГЛЕДУВАЊЕ НИЗ ПРСТИ - Поголема контрола за полицискиот час

Утре и задутре повеќе полиција на улиците. Полицискиот час во сабота и недела започнува од 16 часот и трае до утре дента до пет наутро. Минатиот викенд МВР регистрирало непочитување на забраната за движење па затоа овој викенд низ државата ќе има значително повеќе полиција во однос на минатата сабота и недела.

Јас направив паралела со изминатиот прв викенд кога имаше ограничување на движењето, кога имавме значителен пораст во непочитување на забраната за движење.

Но добро тоа е одраз и на поголемата саатница, меѓутоа овој викенд очекуваме дека граѓаните ќе манифестираат многу поголема совесност и ќе ја почитуваат мерката за забрана а јас ќе ги информирам дека припадниците на МВР ќе бидат ангажирани во поголем број, рече Чулев.

Идејата во полициски час да се користат полициските дронови за да се ловат граѓаните кои не ја почитуваат забраната, се уште не стигнала пред влада.

Точката чека на дневен ред на затворена седница на влада. Штом помине на затворена седница на влада сигурно ќе бидат употребени дроновите во смисла на следење на движењето на граѓаните, додава Чулев.

Во изминативе 24 часа низ Македонија 43 граѓани се движеле по 21 часот без соодветна дозвола. Приведени биле 27 лица а за останатите се земени податоци а МВР најави мерки против нив. Полицијата информираше дека во последното деноноќие на 91 лице им се издадени решенија за изолација а 23 потпишале изјава за самоизолација. Контролите на МВР покажале дека само едно лице во изминатиов ден при проверката на полицијата не било дома.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk