logo
logo
logo

Маж и жена намерно предизвикале над 160 сообраќајки за да ги снимаат на Јутјуб (ВИДЕО)

Vecer | 03.04.2023

Маж и жена намерно предизвикале над 160 сообраќајки за да ги снимаат на Јутјуб (ВИДЕО)

Кристофер и Кимберли Фелпс од Јужна Калифорнија имале канал на YouTube под корисничко име BLU3 GHO57 каде што објавувале видеа од намерно предизвикани сообраќајни несреќи. Пронајдени се вкупно 162 снимки пред каналот да биде отстранет од YouTube.

Истрагата покажала дека 23 видеа се поврзани со 17 барања на Кристофер за отштета. Во бројни случаи на намерно предизвикани сообраќајни незгоди, во автомобилот било и нивното дете, што полицијата го земала предвид и поднела дополнителни пријави.

А сѐ започнало кога Кристофер Фелпс предизвикал несреќа со пикап влечејќи приколка. Имено, тој се движел пред пикапот, наеднаш притиснал на кочницата, а пикапот удрил во него. Погодувате, видеото го објавил на својот канал на Јутјуб.

Кристофер Фелпс претходно е обвинет за слични кривични дела, а сега е обвинет за голем број кривични дела, вклучувајќи шест точки за напад со смртоносно оружје, 11 точки за измама во осигурувањето и пет точки за загрозување на деца. Кимберли Фелпс е обвинета за две кривични дела загрозување на децата и една точка за измама со осигурување.

Случајот моментално е во тек, кауцијата е половина милион американски долари, а се вели дека ќе добие долгогодишна затворска казна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk