logo
logo
logo

Земјотрес следи и во Брисел

Каква ќе биде праксата на Европскиот суд за човекови права ако се избрише „бугарски“ пред фашистички окупатор

Vecer | 24.09.2021

Каква ќе биде праксата на Европскиот суд за човекови права ако се избрише „бугарски“ пред фашистички окупатор

Мора да се брани македонската демократија и индивидуалните права на Македонците зошто тоа е единствена гаранција за стабилност на државата и нашата иднина! Изјавата на премиерот дека ќе се избрише „бугарски“ пред фашистички окупатор е директен напад врз Македонската и Европската историја и култура, а чинот на политичко “октроирано„ решение со владин декрет тоа да се стори е својствено на тоталитарен режим!

Праксата на Европскиот суд за човекови права покажала во многубројни случаи дека негирањето на фашизмот и холокаустот поттикнува омраза и нетолеранција. Особено во тоа дека со оглед на историскиот контекст на засегнатите држави, негирањето на фашизмот и холокаустот, макар и маскирано како непристрасно историско истражување, треба да се гледа како конотација на антидемократска идеологија и антисемитизам.

Ова Европскиот суд за човекови права го утврдува во предметот Перинчек против Швајцарија.

Европскиот суд за човекови права утврдил дека негирањето на реалноста на злосторствата против човештвото, како на пример фашизмот и холокаустот, имало за цел да го рехабилитира национал-социјалистичкиот режим и да ги обвини самите жртви за фалсификување на историјата!

Во предметот Гарауди против Франција, на апликантот Гарауди му била изречена кривична казна поради книгата во која го одрекувал постоењето на гасни комори; го опишувал систематското и масовно истребување на Евреите како „лага“, а холокаустот како „мит“; го нарекувал нивниот приказ „шоа бизнис“ или „мистификација за политички цели“; и го оспорувал бројот на еврејски жртви и причината за нивната смрт. Згора на тоа, тој ги тривијализирал тие дела со споредба со дела за кои ги обвинувал сојузниците и ја оспорувал легитимноста и ги оспорувал активностите на трибуналот во Нирнберг.

Таквото негирање според Европскиот суд за човекови права претставува еден од најсериозните облици на поткопување на темелните вредности на Европската конвенцијата за човекови права!

Во Леидју и Исорни против Франција, 1998, жалителите биле осудени поради издавањето неквалификувана пофалба за Маршал Петан, шефот на државата во вишиевска Франција во 1940-1944 и пропуштиле да ја спомнат неговата колаборација со нацистичка Германија.

Во однос на аргументот на Леидју и Исорни дека двојната игра на Петан наводно била корисна за Французите, Европскиот суд за човекови права сметал дека тоа не влегува во категоријата на јасно утврдени историски факти како холокаустот и фашизмот.

Ова е само дел од она што непријатно може да ни се случи пред Европските институции од нашата несериозност и не државничко однесување!

И на крај едно прашање - ќе треба ли да го избришеме и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“ кој е формиран на територија на Македонија од дезертирани “фашистички„ бугарски војници кои му се приклучиле на антифашистичкото движење во Македонија и Македонците ?!

Тони Менкиноски, адвокат и експерт за човекови права

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk