logo
logo
logo

НИТУ ПРОГОВОРИЛ НИТУ ЌЕ ИЗГОВОРИ НА МАКЕДОНСКИ, НЕПИСМЕН

Али Ахмети тврди дека РАЗМИСЛУВА

Vecer | 17.09.2023

Али Ахмети тврди дека РАЗМИСЛУВА

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој нема проговорено ниеден македонски збор откако со тероризам и војна дојде на власт во 2001 година, во ексклузивно интервју за ТВ21 од неговиот дом во Зајас, порача дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба убаво да размисли.

Според Ахмети, Мицкоски има одговорност затоа што Уставните измени отвораат пат напред за државата.

„Христијан Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата. Просто е тоа, земете го извештајот на Ирска и видете колку Полјаци се вратени во Полска после зачленувањето на земјата во ЕУ, кај нас бегаат младите, ако Мицкоски, Ковачевски, Ахмети, Тачи, Таравари сакаат да останат сами во Македонија и да гласаат меѓу себе, тогаш нема да гласаат за уставните, и луѓето ќе ни избегат од државата“, порача Ахмети.

Извор: ТВ21

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk