logo
logo
logo

Двајца осомничени за напад на полицајци во Битола

Vecer | 27.12.2024

Двајца осомничени за напад на полицајци во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk