Словенечкиот Институтот за јавно здравје во соработка со белгиските здравствени власти ја истражуваат трагичната смрт на младата сопруга на словенечки дипломат во Брисел, која по вакцинирањето доживеа венска тромбоза и почина од мозочен удар во болница откако беше во критична состојба состојба неколку дена.
Жена „под 40 години“ била вакцинирана пред десетина дена со вакцината „ковид-19“ од „Џонсон&Џонсон“, која се дава во единечна доза, а првите тешкотии ги почувствувала по неколку дена.
Според словенечката телевизија, таа прво добила главоболка и ѝотечекла ногата, а на лекарски преглед и дијагностицирале длабока венска тромбоза за која ѝ била дадена терапија, но после тоа претрпела мозочен удар и починала по неколку дена поминати во критична состојба.
„Џонсон&Џонсон“, како и „AstraZeneca“, е векторска вакцина за која е откриено дека предизвикува згрутчување на крвта во исклучително ретки случаи. Ова е потврдено и од Европската агенција за лекови (ЕМА), која продолжува да ги следи ваквите случаи.
ЕМА објави пред еден месец дека билансот на придобивки и ризици на вакцините „Џонсон&Џонсон“ останува позитивен, иако постои можна поврзаност со многу ретки случаи на невообичаени згрутчување на крвта придружени со низок број на тромбоцити по вакцинацијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата