logo
logo
logo

Политички земјотрес во Австрија- се враќа ли Курц на местото канцелар?

Vecer | 03.01.2025

Политички земјотрес во Австрија- се враќа ли Курц на местото канцелар?

Како што дознава Билд во круговите на Австриската народна партија (ОВП), актуелниот канцелар Карл Нехамер нема да учествува на новите избори, додека Курц би бил главен кандидат.

„Како што стојат работите, нема да имаме шанса против ФПО на новите избори, но со Курц трката повторно би била отворена. Карл Нехамер целосно пропадна“, изјавил за Билд инсајдер на ОВП.

Според информациите на Билд, ОВП со недели во позадина разговара дали Курц би можел повторно да се кандидира. Се зборува дека веќе му се додворувале неколку водечки партиски претставници.

Курц поднесе оставка како канцелар во 2021 година, откако против него беа покренати истраги. За давање лажен исказ првостепено е осуден на условна казна од осум месеци, но поднел жалба.

Окружниот суд во Виена сметаше дека е докажано дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државната холдинг компанија ОБАГ отколку што признал пред истражниот комитет „Ибица“.

Во исто време, против Курац се водат дополнителни истраги. Јавното обвинителство води истрага против поранешниот канцелар за злоупотреба на доверба, корупција и поткуп, но се уште нема поднесено обвинение.

Истрагите се поврзани со лажни анкети објавени во австриските медиуми.

И покрај истрагите, многумина во ОВП веруваат дека само Курц има какви било шанси на новите избори против лидерот на ФПО Херберт Кикл (56). Според последните анкети, ФПО на Кикл сега е на 35,5 отсто.

Упатените во ОВП велат за Билд дека моментално не е јасно дали Курц навистина би бил подготвен да се кандидира. „Ако има нови избори и ОВП сигнализира целосна поддршка, тогаш би имал добри шанси“, изјави за Билд еден од доверливите луѓе на Курц.

Всушност, засега сè уште е нејасно дали навистина ќе има нови избори. Либералниот НЕОС не сака да коалицира со ОВП и СЈО, но теоретски би можеле да се определат за двопартиска коалиција. Опција со Зелените исто така би била теоретски изводлива. Исто така, би било можно ОВП да влезе во коалиција како помал партнер со ФПО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk