Според денеска објавениот извештај, расходите за одбраната минатата година се зголемиле за 19,6 отсто на 574 милијарди долари, додека во 2024 година растот изнесуваше 19,4 проценти.
- Сојузничките трошоци за одбрана и производство мора брзо да се зголемат, нашите вооружени сили мора да го имаат она што им е потребно за да нè чуваат безбедни, а Украина мора да го има она што ѝ е потребно за да се одбрани. Нашите влади, парламенти и нашите граѓани мора да бидат заедно во ова. За да можеме да продолжиме да го заштитуваме мирот, слободата и просперитетот, посочи Руте.
И покрај неодамнешните зголемувања, европските и канадските воени трошоци сè уште заостануваат зад трошоците на САД.
Во 2025 година, сите 31 сојузници потрошија најмалку 2 проценти од бруто домашниот производ, исполнувајќи го ветувањето за трошоци утврдено во 2014 година. Земјите-членки на Алијансата во јуни минатата година се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана и безбедност на пет отсто од БДП до 2035 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата