logo
logo
logo

Трамп бара Иран да одговори на американскиот план за прекин на војната пред да биде предоцна

Vecer | 26.03.2026

Трамп бара Иран да одговори на американскиот план за прекин на војната пред да биде предоцна

 Американскиот претседател Трамп го губи трпението по пркосните пораки на Техеран дека само го примиле и го разгледуваат предлогот од 15 точки, но оти немаат намера да преговараат со Вашингтон. Иран признава дека размена на пораки преку посредници има, но ништо повеќе од тоа.

-Немаме разговори, ниту преговори со американската страна. Но, во изминатите денови Американците почнаа да ни испраќаат пораки преку други земји – наши пријатели. Фактот дека непријателот бараше безусловно да се предадеме, а сега бара преговори, значи дека го признале поразот. , изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

-Тие преговараат и патем, очајно сакаат да постигнат договор, но се плашат да признаат тоа зашто мислат дека ќе бидат убиени од сопствениот народ. Тие се плашат и дека ќе бидат убиени од нас. Никогаш не постоел шеф на земја што ја сакал таа функција помалку од тоа да биде шеф на Иран. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Во серијата пораки на социјалните мрежи, Трамп повторно ги обвини членките на Алијансата дека не прават апсолутно ништо да им помогнат со, како што напиша, лудиот Иран.  На САД не им е потребен НАТО, но никогаш не заборавјте го овој многу важен момент, нагласува Трамп, откако сојузниците останаа воздржани за военото инволвирање во конфликтот. Германскиот министер за одбрана вели ова не е наша војна, не бевме ниту консултирани, се плашам дека Трамп нема излезно решение за војната.

-Некои гласови во Вашингтон дури велеа, во ред, грижете се за својот двор во Европа и не ни се мешајте во Индопацификот. Тоа беше пред почетокот на војната против Иран. Сега аргументите се различни. Велат каде сте? Вие сте кукавици. Не бевме консултирани претходно, а сега да влеземе (во војна). Тоа нема да се случи. , изјави Борис Писториус министер за одбрана на Германија.

По низата атентати врз најистакнатите ирански функционери, Израел денеска соопшти дека го ликвидирале и командантот на иранската морнарица, Ализера Тангсири, кој бил одговорен за затворањето на Ормускиот теснец, чие повторно отворање е една од главните точки во американскиот предлог упатен до Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk