logo
logo
logo

Зеленски пристигна во Германија на конференција за повоена обнова на Украина

Vecer | 11.06.2024

Зеленски пристигна во Германија на конференција за повоена обнова на Украина

На Телеграм, Зеленски објави дека мерките поврзани со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет на конференцијата, што се свикува секоја година.

Разговорите на Зеленски со Шолц ќе се фокусираат на континуирана воена поддршка, вклучително и средства за противвоздушна одбрана и заедничко производство на муниција, како и за усогласување на позициите пред „мировниот самит“ организиран од Швајцарија подоцна во текот на неделата.

Зеленски денеска и утре се очекува да присуствува на конференцијата за обнова на Украина организирана во Берлин, а на која учествуваат владини претставници и претставници на приватниот сектор, меѓу кои и премиери на 10 земји.

В сабота и недела, Зеленски ќе престојува во Швајцарија за да учествува на Конференцијата на високо ниво за мир во Украина, на која ќе учествуваат повеќе од 90 земји и организации, но не и Русија и Кина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk