logo
logo
logo

Ова е куќата во Сиетл, во која 15 годишник си го уби семејството- соседите шокирани (ВИДЕО)

Vecer | 22.10.2024

Ова е куќата во Сиетл, во која 15 годишник си го уби семејството- соседите шокирани (ВИДЕО)

Наводно го убил своето петчлено семејство - родителите и трите браќа и сестри, пишува Вашингтон Пост.

Едната сестра е тешко ранета, а осомничениот тинејџер без поголем отпор веднаш бил приведен во полициска станица.

Според медиумите, тешко ранетото девојче, кое било застрелано со два куршуми, успеало да побегне од куќата и да истрча кај соседите да побара помош. Полицијата набрзо добила повик.

На видеото кое се појави на социјалната мрежа Икс, порано Твитер, се гледа семејната куќа во која наводно се случил масакрот.

„Тоа е прилично убаво место, со низок криминал. Тоа е едно од оние населби каде што се оддалечувате од хаосот што доаѓа со голем град, доаѓате на мирно место, но најлошите работи можат да се случат насекаде - како што можете да видите“. изјави детективот Мајк Мелиса за Fall City.

Тој додаде дека децата се школувале дома и дека биле многу љубезни.

"Родителите мислеа дека ја прават вистинската работа со тоа што ги воспитуваат децата дома и ги штитат од вакви и слични работи, но сега ова се случи во нивниот дом. Не знам што да мислам", додал детективот.

Надзорникот Ден Шлотфелд во писмо до родителите рече дека „тој е свесен дека децата не оделе на училиште, но дека овој настан влијае на секој родител“.

Момчето осомничено дека го извршило делото било најстарото во семејството. Соседите велат дека семејството било повлечено, дека напорно работеле, ја средувале куќата, а децата си играле со сите во соседството и биле многу дружељубиви.

Велат дека малечките често им помагале на соседите околу некоја работа низ куќата.

Другите соседи велат дека виделе деца како пливаат, ловат риба и пловат по езерото на чиј брег се наоѓа куќата во која живееле.

„Оваа најмладата неодамна ми нацрта цртеж и ми го подари, се уште го чувам“, изјавила Лин.

Никој не се сомневал дека нивното маало ќе го потресе невидена трагедија. Во понеделникот околу 5 часот наутро одекнале истрели, а потоа телефонот на полицијата почнал непрекинато да ѕвони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk