logo
logo
logo

Зеленски: При руски напад во Киев погодена детска болница

Vecer | 08.07.2024

Зеленски: При руски напад во Киев погодена детска болница

- Има луѓе под урнатините, а точниот број на жртви сè уште не е познат. Во моментов сите помагаат да се расчистат урнатините – лекарите и обичните луѓе, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Претходно Зеленски изјави дека руските сили денеска лансирале десетици проектили насочени кон неколку украински градови, а главниот град се соочува со редок воздушен напад во текот на денот.

- Руските терористи уште еднаш масовно ја нападнаа Украина со проектили. Различни градови: Киев, Дњепар, Криви Риг, Славјанск, Краматорск. Повеќе од 40 проектили од различен тип. Оштетени се станбени згради, инфраструктура и детска болница, наведе Зеленски.

Шефот на воена администрација на Киев, Сергиј Попко на Телеграм објави дека во денешниот напад загинале најмалку пет луѓе. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk