logo
logo
logo

Зеленски: Донбас ќе биде во фокусот на мировните преговори со Русија и САД во ОАЕ

Vecer | 23.01.2026

Зеленски: Донбас ќе биде во фокусот на мировните преговори со Русија и САД во ОАЕ

„Прашањето за Донбас е клучно прашање во разговорите“, изјави тој денеска пред новинарите.

Источниот украински регион Донбас вклучува голем дел од украинските покраини Доњецк и Луганск.

Според советникот на Зеленски, Дмитро Литвин, разговорите во Абу Даби ќе почнат вечерва. Веќе неколку месеци немало директни официјални средби меѓу двете завојувани страни. Последната беше во Истанбул, а руските и украинските воени претставници досега Абу Даби го користеа за неформални средби за размена на воени заробеници, пренесува германската агенција. 

Вашингтон со месеци ги предводи напорите Русија и Украина да постигнат мирно решение, но двете страни сè уште имаат спротивставени позиции.

Москва ја бара целата источна украинска покраина Доњецк, во која контролира нешто помалку од 80 отсто од нејзината територија. Киев досега одбиваше доброволно да се повлече. Соседната покраина Луганск, пак, е речиси целосно контролирана од руски трупи.

Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, вчеравечер изјави дека без решение за територијалното прашање, нема да има траен мир.

Додека нема одржливо решение за конфликтот, додаде тој, Русија ќе продолжи со борбите.

Украина се брани од руската инвазија речиси четири години, но во последните месеци претрпе големи удари врз капацитетите за производство на електрична енергија, а руските сили на фронтот напредуваа бавно, потсети ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk