Руската делегација ја предводи првиот воен разузнувач, Игор Костјуков, украинската шефот за национална безбедност Рустем Умеров. На маса спроти нив, седнува американскот двоец Виткоф – Кушнер. По седум месечни обиди, американскиот претседател Трамп очекува конечен пробив.
-Какви отстапки треба да направи Владимир Путин во моментов? –Мислам дека ќе направи остапки, сите прават отстапки. Имаше моменти кога Путин не сакаше договор и кога Зеленски не сакаше договор. Беа како спротивни времиња. Мислам дека сега и двајцата сакаат договор. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
И Москва и Киев доаѓаат со непомирливи позиции за територијалните прашања, што се клучни за двете страни да си подадат рака. Русија го актуелизира старото барање од првичниот план од 20 точки, договаран во Аљаска меѓу Трамп и Путин - украинската војска целосно да се повлече од Донбас, во услови кога околу 20 проценти се се уште под украинска контрола.
-Без решенија за територијалните прашања, според формулата во Енкориџ (Алјаска) нема надеж за постигнување долгорочно решение. Ако тоа не се случи, Русија ќе продолжи доследно со целите на специјалната воена операција. , Јуриј Ушаков, советник на Путин.
И украинскиот претседател Зеленски засега опстојува на ставот дека нема да дозволи прекројување на границите. Вели дека главниот збор го има американскиот претседател.
-Ние сакаме да запре оваа војна. Затоа мислам дека претседателот Трамп, може, навистина може (да ја запре војната) зашто има дијалог со Путин. Не секој може да воспостави дијалог. Тој има дијалог со Путин на исто ниво. Мислам дека САД е многу посилна од Русија. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Паралелно со предизвиците на бојното поле, Украина подолго време зимава се соочува со сериозен недостиг на струја. Поради континуираните руски напад на енергетската инфрастуктура, само во Киев во моментов без греење се над 20 илјади згради.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата