logo
logo
logo

Захарова обвини: „САД го дестабилизираат светот“

Vecer | 02.08.2022

Захарова обвини: „САД го дестабилизираат светот“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ги обвини САД за дестабилизација на светот.

Таа ова го изјави додека ги коментираше наводите дека Кина го прекинала увозот на одреден број тајвански прехранбени производи поради можната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси.

„Вашингтон му носи дестабилизација на светот. Ниту еден конфликт не е решен во изминатите децении, но многу од нив беа испровоцирани“, изјавила Захарова на својот профил на Телеграм, а пренесува Тас.

Блумберг претходно денеска објави дека Кина воведе забрана за снабдување на повеќе од 100 тајвански извозници на храна во обид да изврши економски притисок врз клучната индустрија на островот пред очекуваната посета на Ненси Пелоси. Ројтерс објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека Пелоси денеска треба да пристигне во Тајван.

Можноста за посета на Ненси Пелоси ги зголеми тензиите во Тајванскиот теснец, бидејќи Кина го смета Тајван за дел од својата територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk