Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска сподели статус на својата Фејсбук страница.
„Во Брисел денеска владее провоено мнозинство, а таква е атмосферата во Европа“, започна шефот на унгарската држава.
„Гледам дека сите се подготвуваат за војна. Генералниот секретар на НАТО сака да воспостави мисија НАТО-Украина. Европските лидери веќе се во војна, тие ја гледаат војната како своја војна и ја водат како своја војна. На почетокот тоа беa само шлемови, па санкции, а потоа дојдоа пратките со оружје. Прво топови, па авиони, па финансиска помош, како што сега стојат работите, дадовме близу 100 милијарди евра.
И ситуацијата не се подобрува, се влошува. На чекор сме од испраќање војници во Украина. Овој виор на војна може да ја турне Европа во бездна, Брисел си игра со оган. Го искушуваат Бога. Светските војни на почетокот не се нарекуваат светски војни. Ние Унгарците знаеме што е војна. Доволно пати сме биле негови актери. Убеден сум дека мора да се држиме настрана од оваа војна. Ова не е наша војна. Не сакаме Унгарија повторно да стане игралиште на големите сили. Затоа мора да се бориме за мир - дома, во Брисел, Вашингтон, ОН и во НАТО“, заклучи Орбан.