logo
logo
logo

За „СКРОМНИ“ 28 МИЛИОНИ ДОЛАРИ полубратот на Осама Бин Ладен ја продава куќата во Лос Анџелес

Vecer | 02.08.2021

За „СКРОМНИ“ 28 МИЛИОНИ ДОЛАРИ полубратот на Осама Бин Ладен ја продава куќата во Лос Анџелес

Полубратот на поранешниот водач на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Ибрахим бин Ладен ја стави на продажба својата луксузна куќа во Лос Анџелес.

Објектот, наводно, се продава по цена од 28 милиони долари, откако беше празен 20 години, од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Изградена во 1931 година, вилата се наоѓа на парцела од речиси еден хектар, и има 660 квадратни метри со седум соби и пет бањи, објави „Дејли Меил“. Ибрахим бин Ладен ја купил вилата направена во медитерански стил во 1983 година за 1.653.000 долари.

Денес, тој би платил 5,5 милиони долари за истата куќа, поради инфлација од 38 проценти, се додава во текстот.

Изработена од бетонски sидови и обоена во розова боја, куќата и целиот имот се наоѓаат на неколку блока од познатиот хотел Бел Ер. Во непосредна близина се двете најголеми вили, израелскиот претприемач Бени Алагем и тајкунот Џефри Каплан.

Ибрахим бин Ладен беше на одмор надвор од САД за време на терористичките напади и никогаш не се врати во САД поради негативната слика што беше создадена околу неговото презиме. Осама бин Ладен, кога САД го назначија за главен организатор на нападите врз Њујорк и Пентагон, беше убиен на 2 мај 2011 година во терористички комплекс во Аботабад, Пакистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk