Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.
„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на Болу, и Кенан Чоскун, заменик - директор на противпожарната служба, се појавија на суд. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави денеска турскиот весник „Сабах“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата