Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп му најави на колумбискиот претседател Густаво Педро дека ќе воведе широк спектар на казнени мерки, вклучително и зголемени царини, санкции и забрани за патување, откако земјата одбила да даде „зелено светло“ за авион со илегални имигранти да слета на нивна територија.
Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 отсто на целиот увоз од Колумбија, со планирано зголемување на 50 отсто во рок од една недела. Покрај тоа, Трамп најави забрана за издавање визи на колумбиски службеници и одземање на претходно издадените визи, вонредни финансиски и банкарски ограничувања насочени кон Колумбија и построги гранични проверки за колумбиските граѓани и стоки, според Авијација 24.
Авионите на УСАФ беа во воздух кога Колумбија одбила да ги прифати, што Трамп го опиша како закана за националната безбедност. Тој нагласи дека овие мерки се само почеток, обвинувајќи ја Колумбија за прекршување на обврските за прифаќање на депортирани мигранти.
Колумбискиот претседател Густаво Петро го осуди однесувањето на САД кон депортираните, велејќи дека тоа ги дехуманизира мигрантите. Петро вети дека ќе прими депортирани на цивилни летови, но ја спореди американската политика со авторитарни практики, но последователно сите светски агенции објавија дека се прифатени сите услови на Трамп.
Други земји од Латинска Америка, како Мексико и Бразил, исто така изразија незадоволство од новата практика на депортација од САД. Бразил ја критикуваше употребата на лисици на депортираните мигранти, нарекувајќи го понижувачки третман.
Експертите предупредуваат дека санкциите и царините би можеле сериозно да ја загрозат економијата на Колумбија, која зависи од трговијата со САД, кои сочинуваат околу една третина од нејзиниот извоз. Американската администрација ја прогласи имиграцијата за национална вонредна состојба, започнувајќи масовни депортации со воени авиони, стратегија без преседан во поновата историја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата