logo
logo
logo

Страшно невреме ја погоди Франција, најголемо во последните 40 години- Рен е под вода (ВИДЕО)

Vecer | 27.01.2025

Страшно невреме ја погоди Франција, најголемо во последните 40 години- Рен е под вода (ВИДЕО)

Црвениот аларм се однесува на департманот Ил-ет-Вилен и неговиот центар Рен, низ кој минуваат две реки. Ситуацијата може да се влоши во текот на денот. Општината отворила неколку спортски сали за луѓето кои немаат засолниште. Околу 400 лица се евакуирани како мерка на претпазливост вчера попладне, соопштија пожарникарите.

„За жал, врвот на водениот бран се уште не е пристигнат“, објави синоќа градоначалничката на Рен, Натали Апере, додавајќи дека „нивото на водата полека ќе опаѓа, а веројатно не пред среда“.

Портокалова тревога е прогласена и во други департмани на западот на земјата, а портокалова тревога е прогласена на крајниот запад на Бретања поради заканата од високи бранови. Кризата вчера ја предизвика бурата Херминио, која пристигнала по екстремно силната бура Еовин, која го погоди Обединетото Кралство.

Северозападна Франција е погодена од обилни врнежи и силни ветрови, а земјата веќе е заситена со вода. Невремето вчера предизвика проблеми во сообраќајот на возовите во Бретања и Нормандија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk