logo
logo
logo

Во Италија продолжена забраната за движење

Vecer | 22.02.2021

Во Италија продолжена забраната за движење


Во согласност на новата влада со италијанските региони, Указот за анти-ковидмерки, кој истекува за три дена и со кој се забранува движење на населението од еден во друг регион, е продолжен до 27 март годинава, соопштуваат италијанските медиуми.

Исто така, поради зголемувањето на бројот на заразени лица, особено британскиот вид, полицискиот час останува на сила од 22 до 5 часот наутро, а баровите и рестораните ќе останат отворени само во т.н. жолти зони.

Според експертите во средината на март, се очекува врвот на пандемијата, а по забрзаното ширење на британскиот сој, постојат претпоставки дека бројот може да достигне околу 25.000 нови инфекции на дневна основа.

Санитарните власти во Италија посочуваат и на шокантна можност, бројка од околу 40.000 новоинфицирани доколку се олабават сегашните мерки, бидејќи според нив во средината на март британскиот сој ќе биде доминантен во Италија.

Тие исто така работат на интензивирање на кампањата за вакцинација, каде се предлага да се воведат општи лекари на таа позиција, околу 40 000 од нив, доколку вакцините пристигнат на време.

„Колку е тешка ситуацијата без драматизирање, покажуваат бројките на позитивни зголемувања во претпоследниот викенд. Како некој да ставил бензин во оган со ширењето на британскиот вид, особено кај младите и претежно во училиштата“, заклучуваат санитарните власти во Италија предупредувајќи дека болниците во многу региони се веќе пренатрупани.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk