logo
logo
logo

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Vecer | 26.04.2024

Врховниот суд на САД е подготвен да ги отфрли наводите на Трамп за имунитет, одлуката по избори

Врховниот суд на САД очигледно е подготвен да ги отфрли тврдењата на Доналд Трамп дека е заштитен со имунитет, но судењето на поранешниот американски претседател за обид да ги измени изборните резултати може да се одложи за по изборите, кои што според законот ќе бидат одржани во првиот вторник во ноември.

Како што јави Си-Ен-Ен, Врховниот суд, сепак, не е подготвен да му даде одврзани раце на специјалниот советник Џек Смит за да продолжи со обвинувањата против поранешниот претседател. Усното излагање на аргументите за имунитетот на Трамп од кривично гонење траеше помалку од три часа и заврши вчера, а ќе продолжи на 9 мај.

Наводно, неколку судии се подготвени да прифатат резултат што може да ја загрози можноста судењето на Трамп да се одржи пред изборите во ноември. Врховниот суд на САД се состои од девет судии, од кои тројца беа назначени за време на мандатот на Трамп во Белата куќа.

Конзервативните членови агресивно го испрашуваа адвокатот што го застапуваше специјалниот советник, навидум прифаќајќи го централното прашање што го поттикна Трамп, а тоа е дека идните претседатели, без барем некаков облик на имунитет, на крајот ќе бидат предмет на политички мотивирано гонење.

Голем дел од сослушувањето се фокусираше на тоа дали треба да има разлика помеѓу официјалните дејствија на Трамп во согласност со неговите претседателски должности и неговото приватно однесување. Како ќе одлучи судот, ќе ја одреди правната судбина на Трамп и најверојатно ќе ги одреди правилата за криминално изложување на идните претседатели.

Според сите пресметки, Врховниот суд ќе избегне да донесе јасна одлука за прашањето за имунитетот. Последица на ова ќе биде тоа што ќе им остави способност на пониските судови да дејствуваат, што би можело да ги продолжи случаите на Трамп да траат со месеци. Почетокот на едно од тие судења поврзани со обидот за фалсификување на изборните резултати беше закажано за 4 март, но беше одложено.

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за поништување на изборниот пораз, како и за преостанатите три кривични постапки против него - вклучувајќи го и судењето за фалсификување деловни документи во врска со тајните плаќања на порно актерката Сторми Даниелс.

Во американскиот Врховен суд моментално доминира конзервативно мнозинство од 6:3. Од 2000 година и одлуката на Врховниот суд дека победник на претседателските избори е републиканецот Џорџ Буш помладиот, а не демократот Ал Гор - се толкува дека највисоката судска инстанца во Америка немала толку важна улога што би можела имаат влијание врз претседателската трка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk