logo
logo
logo

Во Германија протест против законот за корона-мерки

Vecer | 21.04.2021

Во Германија протест против законот за корона-мерки

Денеска се собраа демонстранти пред германскиот Бундестаг, протестирајќи против законот што ќе и даде на федералната држава можност да наметне „заклучување“ на делови од земјата каде што се зголемува стапката на заразеност со Ковид-19.

Канцеларката Ангела Меркел одлучи да донесе нов закон со кој овластувањето за воведување епидемиолошки мерки треба да се пренесе од покраините во сојузната држава.

На протестите пред Бундестагот се очекуваат илјадници учесници.

Утрото, стотици луѓе се собраа со транспаренти во кои повикуваа на почитување на слободите.

Тие се спротивставуваат на какви било нови ограничувања на слободите, кои предвидуваат епидемиолошки мерки.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk