Шолц доби поддршка од 207 од 733 пратеници во Долниот дом на парламентот, 394 пратеници гласаа против, а 116 од нив беа воздржани.
За опстанок на владата на Шолц беа неопходни 367 гласови.
Овој исход од гласањето го отвора патот за одржување на вонредни избори во февруари 2025 година, кои треба да ја извлечат Германија од политичката криза. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата