logo
logo
logo

ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија

Vecer | 16.12.2024

ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија

-Целосно ја разбираме чувствителноста на ова прашање и иако инцидентот беше ненамерен, ние искрено жалиме за тоа, напиша шефот на асоцијацијата на ФИФА, Елхан Мамадов, во писмото објавено од Фудбалската федерација на Украина.

Украина беше една од 54-те репрезентации вклучени во петочната ждрепка во Цирих за европските квалификациски групи за Светското првенство во 2026 година.

Крим, полуостров незаконски окупиран од Русија во 2014 година, не беше обоен како дел од украинската територија на графичкиот пренос за време на ждрепката во седиштето на ФИФА.

„ФИФА, дали сте во ред?“, праша портпаролот на украинската влада, Георгиј Тихи, на социјалната мрежа Х по ждрепката и додаде „очекуваме јавно извинување“.

Мамадов изјави дека мапата ја обезбедил надворешен соработник и дека ФИФА размислува како „да се осигура дека таквите превиди нема да се повторат во иднина“.

Поради агресијата врз Украина во февруари 2022 година, ФИФА и забрани на Русија да учествува на меѓународни натпревари. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk