logo
logo
logo

Во близина на брегот на Јапонија, судир на танкер за хемикалии и товарен брод

Vecer | 20.08.2022

Во близина на брегот на Јапонија, судир на танкер за хемикалии и товарен брод

Крајбрежната стража соопшти дека нема повредени и додаде дека двата брода се закотвени и дека истрагата е во тек.

Од моторот на кинескиот брод, кој првично почна да тоне, истекло мало количество масло но истекувањето е ставено под контрола.

Јапонскиот танкер го напушти пристаништето Кобе за да земе хемикалии од друго јапонско пристаниште и не превезувал товар во моментот на несреќата.

На местото на несреќата се испратени нуркачи.

Причината за несреќата се уште не е утврдена. Според претставник на јапонската крајбрежна стража, екипажот на кинескиот брод изјавил дека јапонскиот танкер ненадејно се скршнал кон нив. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk