logo
logo
logo

Во Абу Дубаи продолжи состанокот за постигнување мировен договор за Украина

Vecer | 24.01.2026

Во Абу Дубаи продолжи состанокот за постигнување мировен договор за Украина

Денешниот состанок за Украина во Абу Даби исто така ќе се одржи зад затворени врати, како и вчерашниот, јавија агенциите, повикувајќи се на неименуван извор.

Изворот рекол дека форматот на состанокот е избран во согласност со трите страни - Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, при што САД посредуваат во мировните преговори. Изворот навел дека во Абу Даби се одржуваат низа состаноци во различни формати.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, одржани синоќа во Абу Даби, биле продуктивни и ќе продолжат денеска.

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, синоќа изјави дека разговорите биле фокусирани „на условите за завршување на војната што ги постави Русија и на логичните следни чекори во процесот на преговори насочени кон достоинствен и траен мир“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk