logo
logo
logo

Владата на Орбан ги ограничи цените на храната

Vecer | 09.04.2025

Владата на Орбан ги ограничи цените на храната

Со мерката на супермаркетите ограничена му е маржата на 30 основни прехранбени артикли, кога сега може да изнесува 10 отсто над трошоците за големопродажба.

Мерката, која вклучува храна како јајца, млеко и месо, ги ослободува трговците на мало со пониски годишни приходи.

По стапувањето во сила на мерката, Орбан ги обвини трговците дека ги „крадат Унгарците“ со „претераниот и неоправдан раст на цените“.

Економистите проценуваат дека оваа мерка може да донесе краткорочно олеснување за потрошувачите, но не значи многу за жителите од руралните средини далеку од супермаркетите. Тие исто така предупредуваат дека трговците на мало би можеле да ги зголемат цените на другите прехранбени производи за да компензираат за изгубениот приход, што на крајот би имало спротивен ефект.

Големите европски синџири како СПАР, Лидл и Теско доминираат во малопродажниот сектор во Унгарија, па Владата прибегна кон воведување протекционистички мерки, вклучително и данок на супер профит.

Орбан наметна слични ограничувања на цените во 2022 и 2023 година, кога инфлацијата се зголеми до 26 отсто по руската инвазија на Украина.

Според Евростат, Унгарија, заедно со Бугарија, е на последното место според потрошувачката на домаќинствата во ЕУ во 2023 година.

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk