logo
logo
logo

Ватикан: На погребот на папата, 50 шефови на држави и десет монарси

Vecer | 24.04.2025

Ватикан: На погребот на папата, 50 шефови на држави и десет монарси

Околу 50 шефови на држави и десет владејачки монарси досега го потврдија своето присуство на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, што ќе се одржи во сабота на плоштадот Свети Петар во Рим, соопшти денеска Ватикан.

„Засега е потврдено доаѓањето на 130 (странски) делегации на погребот на папата Франциско“, се вели во соопштението што го пренесе Бета.

На погребот, меѓу другите, ќе присуствуваат и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, како и кралот и кралицата на Шпанија, додаде Ватикан.

Папата почина во понеделникот на 88-годишна возраст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk