logo
logo
logo

Ванг ја осуди продажбата на американско оружје на Тајван

Vecer | 30.12.2025

Ванг ја осуди продажбата на американско оружје на Тајван

- Како одговор на континуираните провокации на силите за независност во Тајван и продажбата на оружје од страна на САД во големи размери, ние мора решително да им се спротивставиме и силно да им парираме, посочи Ванг, повторувајќи дека целта на Кина е „целосно обединување со Тајван“.

Владата на Тајван тврди дека островот никогаш не бил дел од Кина во нејзината сегашна форма под Комунистичката партија и дека тврдењата на Пекинг за суверенитет се нелегитимни.

Претходно, Стејт департментот одобри продажба на оружје за Тајван во висина од над 11 милијарди долари. Пакетот вклучува ракети, беспилотни летала, артилериски системи и воен софтвер. Кина на тоа одговори со организирање на дводневни воени вежби околу Тајван.

Ванг на годишниот дипломатски собир се осврна и на војната во Појасот Газа и ги поздрави меѓународните напори за прекин на огнот.

Светот сè уште ѝ должи правда на Палестина. Палестинското прашање не смее повторно да се маргинализира, а борбите на палестинскиот народ за демократски и легитимни права не смеат да бидат залудни, наведе Ванг.

Кина одржува силни односи со Израел и Палестинската самоуправа и поддржува решение – две држави.

Ванг потенцира и дека целта на Кина е да го олесни мировниот договор помеѓу Русија и Украина, при што Пекинг тврди дека е непристрасен дури и кога сигнализира поддршка за Москва преку чести државни посети и заеднички воени вежби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk