logo
logo
logo

Русија ќе ја преиспита преговарачката позиција по тврдењата дека украински дронови атакувале врз резиденцијата на Путин

Vecer | 30.12.2025

Русија ќе ја преиспита преговарачката позиција по тврдењата дека украински дронови атакувале врз резиденцијата на Путин

 Кремљ тврди дека нападот бил изведен со 90 дронови со долг дострел и оти сите проектили биле соборени, но не прецизираше дали располага со материјални докази дека нападот навистина се случил. Портпаролот на Путин, Песков рече дека остатоците од беспилотните летала, како докази, се прашање за руската одбрана.

-Тоа е терористички чин насочен кон нарушување на преговарачкиот процес. Тоа не е насочено само лично против претседателот Путин. Исто така е насочено и против Трамп, со цел да се спречат напорите на претседателот Трамп да промовира мирно решавање на украинскиот конфликт. , изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Киев категорично ги отфрли тврењата на Москва и ги нарече типични руски лаги со намера да најде подготви терен да нападне украинските владини објекти. Случајот го разлути и американскиот претседател Доналд Трамп, кој призна дека веста ја слушнал лично од Путин, но немаше одговор дали американските разузнавачки служби можат да ја потврдат веродостојноста за нападот.

-Ова е деликатен период, ова не е вистинското време. Едно е да се биде офанзивен, бидејќи и тие се офанзивни. Друга работа е да му ја нападнете куќата. Не е вистинско време за ништо такво и не можам да го направам. И денеска дознав за тоа од претседателот Путин. Мног бев лут поради тоа. Велите нападот можеби не се случил. Претпоставувам можно е и тоа. Но, претседателот Путин утрината ми кажа така. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

По средбата со Трамп во Флорида, украинскиот претседател Зеленски во интервју за „фокс њуз“ откри дека територијалните отстапки остануваат непремостливи и дека неговата црвена линија е во Донбас да се воспостави во економска демилитаризирана зона.

-Не можеме само да се повлечеме од нашата територија. Не е само поради законот, 300 илјади луѓе живеат таму. Не можеме да ги загубиме овие луѓе. Ние предложивме, како компромис. Ако воспоставиме економска зона, ние ќе треба да се вратиме неколку километри назад, што значи, дека и Русија ќе треба да се врати неколку километри назад. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски повтори дека 90 проценти од ревидираниот мировен план е завршен, но дека нема компромис за две од 20-те точки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk