Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека властите спровеле рации во 21 провинции низ целата земја.
Турските власти ги интензивираа напорите за борба против тероризмот пред новогодишните прослави, по разузнавачките предупредувања за евентуални напади од страна на ИД.
Полицијата во Истанбул на 25 декември изврши рации на 124 локации и приведе 115 осомничени членови на ИД и заплени оружје и муниција откако доби информации дека групата планира напади за време на празниците.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата