logo
logo
logo

Ужас на аеродром: Жена си го задавила кучето во тоалет, за да не го испушти летот (ВИДЕО)

Vecer | 21.03.2025

Ужас на аеродром: Жена си го задавила кучето во тоалет, за да не го испушти летот (ВИДЕО)

Алисон Агата Лоренс (57) е фотографирана на 16 декември со својата пудлица, но не можела да се качи во авионот бидејќи немала соодветна документација, велат властите, пишува Дејли Меил.

Телото пронајдено во кофа

Жената се соочува со обвиненија за суровост кон животните, откако подоцна била снимена без своето куче откако го напуштила тоалетот на аеродромот.

Обезбедувањето го пронашло телото на деветгодишното животно во корпа за отпадоци, а властите велат дека претходно било удавено во тоалет.

Нешто подоцна полицијата покренала истрага и ја уапсила сопственичката во нејзиниот дом. Останува непознато каде патувала, кога се вратила и зошто ја понела пудлицата со себе.

Ослободена со кауција

По апсењето била пуштена на слобода со кауција од 5.000 долари.

Локалните медиуми ја посетиле областа каде живее Алисон и разговараа со соседите. Се сеќаваат дека имала пудлица и дека редовно ја шетала. Останатите биле шокирани од информацијата дека е уапсена.

Домашните миленици можат да патуваат со своите сопственици, но мора да бидат сместени во специјални носилки. Секоја авиокомпанија има свои правила, а повеќето бараат здравствен сертификат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk