Турското Министерство за внатрешни работи на „Х“ напиша дека 323 лица биле приведени поради бранот демонстрации вчера.
Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови во Турција, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.
Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен во средата.
Судот денеска одреди Имамоглу да остане во притвор до почетокот на судењето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата